Захариевски закажа прва прозивка во Радолишта

Струга

Фудбалерите на Струга Трим Љум денес официјално ќе започнат со летните подготовки во пресрет на новата сезона.

Тренерот Срѓан Захариевски и неговите помошници ќе го одржат првиот тренинг во 17:00 часот на стадионот во Радолишта. Поголем дел од подготвителниот период стружани ќе го одржат во својот град.

Во летниот преоден рок стружани одлично пазареа, а најголемо засилување ќе им биде враќањето во ПМФЛ на најдобриот стрелец во историјата на натпреварувањето, Бесарт Ибраими.

Клубот закажа неколку пријателски средби во наредните недели. Тоа ќе биде можност за испитување на физичката подготовка кај фудбалерите.