Захариевски: Со Бесарт во нападот ќе ни биде полесно, задоволен сум од новајлиите

Бесарт Ибраими не можеше да посака подобро деби за Струга Трим Љум. Кичевчанецот вгради два гола во победата од 3-0 против прилепска победа. Тренерот на стружани Срѓан Захариевски ја апострофираше важноста на напаѓачот, а ги пофали и останатите новајлии.

„Многу сум задоволен од дебитантите, а особено од Бесарт Ибраими, кој уште на стартот покажа колку ќе биде вреден за нашиот тим. Уште на дебито покажа дека неслучајно е рекордер по бројот на голови во Првата лига. Со него во нападот сигурно ќе ни биде полесно.

Презадоволен сум и од настапот на другите новајлии, како Јусуфи, кој исто така постигна гол, но и од настапот на целата екипа генерално“, заклучи Захариевски. 

Во второто коло следниот викенд стружани гостуваат во Штип против Брегалница.