Захариевски: Редно е да се преземе нешто, можеби ВАР! Ова никаде не води...

Ако во средата среќата беше на страната на Струга Трим Љум во натпреварот од осминафиналето на Купот против Работнички, попладнево во Битола стружани заслужија цел плен, но една грешка во последните мигови им одзеде два планирани и заслужени бода. 

Тренерот на Струга Трим Љум, Срѓан Захариевски жали за шансите, но и потенцира дека време е за ВАР-технологија во мак-фудбалот за да престанат спорните ситуации и протестите од клубовите. 

„Секако дека ова не ни е прв натпревар да ги загубиме бодовите во последната минута. Ова ни се случува третпат. Ние секаде играме на победа, секаде иуграме фудбал 90 минути, Искрено, сакам да ги видам спорните моменти, денес ги имаше во изобилство. Ако се покаже како што претпоставува дека требаше да биде, драстично се менува табелата. 

Редно е да се преземе нешто, можеби ВАР? Вака македонскиот фудбал никаде не оди. Сакам да ја видам снимката, потоа ќе кажам поконкретно.

Мора да потенцирам дека и ние сме виновни. Не може трет натпревар да примаме гол во последната минута. Ќе гледаме да се поправиме за следните натпревари“, изјави за Gol.mk предводникот на Струга Трим Љум. 

Тренерот на стружани протестира за поништениот гол на Лена при 0-0 и оној на Османи во последната секунда од натпреварот. Првиот е поништен заради прекршок, а вториот заради недозволена позиција.