Захариевски: Ја искористивме клучната шанса во тактичката битка со Шкендија

Захариевски

Струга Трим Љум го доби дербито на домашен терен против Шкендија и со еден погодок ја зголеми предноста на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Домашниот тренер Срѓан Захариевски со прва реакција по дуелот против тетовчани:

„Ова повеќе тактички отколку квалитетен натпревар, во кој ние ја искористивме нашата шанса која на крај се покажа клучна во победата над квалитетната Шкендија“.

Христијан Малески беше кобен за Шкендија. Неговиот погодок во првиот дел беше одлучувачки на дуелот покрај езерото.