Захариевски: Имавме контрола, во ниту еден момент не ја доведовме победата во опасност

Фудбалерите на Струга Трим Љум без многу проблеми обезбедија второ коло во Купот на Македонија, откако на гости со сигурни 0-2 славеа над второлигашот Саса.

Стратегот на стружани, Срѓан Захариевски, е задоволен од играта и резултат, без разлика што неговите избраници вториот погодок го постигнаа во самиот финиш.

„Имавме контрола над играта во текот на сите 90 минути, а иако вториот гол го постигнавме пред крајот на натпреварот, и без тоа победата во еден момент не ја доведовме во опасност“, рече Захариевски.

Покрај Струга ТЉ, пласман во второто коло во Купот на Македонија обезбедија уште и Пелистер, Македонија ЃП, Работнички, Брегалница, Тиквеш, Охрид, Ренова...