Захариевски: Дуелот во Кавадарци беше над просекот во мак-фудбалот

Лидерот Струга Трим Љум успеа да освои бод на незгодното гостување кај Тиквеш (1-1) на отворањето на пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Тренерот на стружани, Срѓан Захариевски ги сумира впечатоците и кажа дека овој натпревар бил доста квалитетен, а ремито реален исход.

Пред се честитки за сите актери на натпреварот, кој по мое мислење беше над просекот на мак фудбалот, пред се честитки од аспект на борбеност, акции, шанси, доста тензичен и пред се убави голови, каде мора да се истакне голот на нашиот играч, Валентин Кочоски. Можам да кажам дека имавме повеќе од играта и дека создадовме шанси, но сепак кога ќе се собере се, мислам дека нерешениот резултат е реален, бидeјќи ние имавме негатива од првото полувреме“, изјави Захариевски по натпреварот.

Струга Трим Љум по ова реми останува на лидерската позиција на табелата во ПМФЛ, но само со бод повеќе во однос на второпласираниот Шкупи.