ВИДЕО: Заха одново херој, Брегот на слоновата коска нов четвртфиналист на АКН

Репрезентацијата на Брегот на слоновата коска е претпоследниот четвртфиналист на Африкансиот Куп на Нации.

Ибрахим Камара ја предводеше својата екипа во минимална победа против Мали (0-1), која им донесе дуел со Алжир во следната фаза.

  • Извештај од натпреварот: 

Како и на претходниот меч со Намибија, првата ѕвезда на тимот Вилфред Заха реализираше и беше најзаслужен за успехот. Фудбалерот на Кристал Палас по едно долго додавање стигна до топката и истата ја испрати под рацете на противничкиот голман. Тоа беше погодок на кој што се чекаше цели 76 минути и на крај се покажа како одлучувачки за конечниот исход.

Вечерва Гана и Тунис ќе го одиграат последниот осминафинален дуел, со кој ќе биде комплетирана четвртфиналната програма на турнирот.