• Мартин Танасковски

Екипите на Кристал Палас и Брајтон одиграа динамичен дуел и го поделија пленот (1-1) во последниот натпревар од 17. коло на англиската Премиер лига.
- Извештај од натпреварот:
Гостите водеа први, а домаќините спасија бод на петнаесетина минути пред финишот. Ремито е реален исход, ако се земат случувањата на теренот и шансите кои се имаа на обете страни.
По првото полувреме без голови, резултатот го отвори Маупај, кој за Брајтон стрелаше во 54. минута. Реми за домашните спаси најдобриот поединец Вилфрид Заха, кој во 76. минута прими една топка по левата страна, сам си создаде простор и биеше над главата на противничкиот голман.
Кристал Палас има 23 бода во англиската елита и е на деветтото место, додека Брајтон е 13-пласиран. Во наредната рунда Палас игра со Њукасл, додека Брајтон ќе биде домаќин на Шефилд Јунајтед.