Загрижувачки податоци од Катар: 50 загинати и над 500 работници добиле тешки повреди

Сп 2022

Меѓународната организација на трудот објави шокантни и загрижувачки бројки во врска со проектот наречен Светско првенство 2022 година.

Јавноста ги осуди надлежните органи во Катар, кои постојано ангажираат работници, кои работат на објектите за Мундијалот наредната година. Најновите податоци сигурно ќе кренат нов бран критики на сметка на организаторот на светскиот собир.

Според МОТ, педесет имигранти настрадале за време на работата во Катар, а дури 500 се здобиле со сериозни повреди. Исто така, 37.600 од нив имале полесни или умерени повреди.

Стотици илјади работници доаѓаат, главно од Азија, да работат на градилиштата за претстојното Светско првенство, кое за првпат во историјата нема да се одржи во летниот период.