Загрижувачка вест за Милевски пред Англија и Украина: Се повреди Бојан Миовски!

Во периодот кога селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, треба да го објави списокот на фудбалери за следните два натпревари на нашата селекција во квалификациите за следното Европско првенство, од Шкотска пристигнува загрижувачка вест.

Имено, на вечерашната средба меѓу Абердин и Сент Мирен, се повреди нашиот најдобар напаѓач во овој момент, Бојан Миовски. Голгетерот на култниот шкотски тим натпреварот, кој се игра во рамки од плеј-офот во Чемпионшип, го започна од првата минута, но предвреме се упати кон клупата.

Миовски од игра излезе во 34. минута, откако гостинскиот фудаблер Смол жестоко стартуваше врз него и заслужено доби црвен картон. За каква повреда се работи сè уште не е познато, но се надеваме дека одличниот напаѓач набрзо ќе се врати на терените.

Македонија во јунскиот квалификациски циклус ќе се сретне со Украина на свој терен и со Англија на „Олд Трафорд“.