• Иван Димовски
Фудбалерите на Шкендија и Јагјелонија одиграа полувреме без голови (0-0) во третото коло на Конференциската лига на УЕФА. Македонскиот првак имаше пех, бидејќи Арбин Зејнулаи доживеа незгодна повреда или здравствен проблем.
Во еден дуел за топка со противнички играч Зејнулаи падна на тревникот, а Адаму Алхасан невнимателно во обид да расчисти со нога го удри в лице. Играчот за врска остана на тревникот и делуваше дека загуби свест, но за среќа по реакција на лекарите ситуацијата се стабилизира.
Сепак, Зејнулаи со помош на лекарите го напушти теренот и замина во соблекувалната, а тренерот Јетон Беќири веднаш направи замена.





