Загреб во делириум, Доминик Ливаковиќ се врати во својот Динамо!

Доминик Ливаковиќ и официјално се врати во Хрватска, каде повторно ќе настапува за екипата на Динамо Загреб. 

Хрватскиот репрезентативен голман беше на позајмица во Џирона, каде не доби шанса за настап, што резултираше со заминување од Шпанија и враќање во родната земја. Ливаковиќ е играч на турскиот Фенербахче, но доби „зелено светло“ за нова позајмица до крајот на сезоната. 

Чуварот на мрежата ја започна кариерата во НК Загреб, а потоа стана вистинска легенда на „модрите“, за кои настапи на 207 официјални натпревари. Со хрватската репрезентација „нанижа“ огромни успеси и се закити со сребрениот и бронзениот медал од последните две Светски првенства во Русија и во Катар. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.