ВИДЕО: Загреб „лудува“ од радост, 50.000 луѓе слават мундијалско финале!

Фудбалерите на Хрватска испишаа нова историја на Мундијалите, откако во полуфиналето ја совладаа репрезентацијата на Англија и обезбедија пласман во големото финале.

По пласманот во финалето, слави цела Хрватска и сите подржувачи на хрватските фудбалери секаде ширум светот. Погледнете како еруптираа 50.000 навивачи на „коцкестите“ по голот на Марио Манџукиќ на главниот плоштад во Загреб:

Финалето против Франција е закажано за в недела, со почеток од 17.00 часот, а Хрватите ќе имаат шанса да им се одмаздат на Французите за поразот во полуфиналето во 1998 година.