ВИДЕО: Задоволувачко реми во Торино, Заза го расипа впечатокот со црвен картон

Валтер Мацари и неговиот Торино пропуштија можност да се искачат на местата кои водат во Европа со денешното реми на домашен терен против Каљари (1-1) во рамките на 32. коло на Серија А.

Гостите во завршницата стигнаа до посакуваниот бод и се многу блиску до опстанок во лигата. Мечот го одбележаа трите црвени картони поради кои гостинската екипа во завршницата остана со човек помалку.

Симоне Заза се најде на вистинското место на старот од вториот дел и погоди за 1-0, но потоа поцрвене и го расипа впечатокот на денешната средба. Оваа предност ја искористи противникот за преку Леонардо Паволети да ги постави конечните 1-1. Напаѓачот на гостите избегна офсајд замка и со глава ја затресе противничката мрежа.

Лука Пелегрини заработи втор жолт картон во последните моменти од мечот, но тоа не донесе промена на семафорот. Во последната минута заради два жолти картони беше исклучен и репрезентативецот Барела.

  • Извештај од натпреварот: 

Попладнево се играат уште три натпревари, а меѓу нив е и градското дерби во Џенова меѓу Сампдорија и Џенова на Горан Пандев.