• Мартин Танасковски
Следното Светско првенство ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а ќе брои 48, наместо досегашните 32 селекции, тоа значи поголем број европски репрезентации кои ќе учествуваат, како и промена на форматот на квалификациите за УЕФА.
Но, остана на сила забраната која европската куќа на фудбалот ја постави за меѓусебни дуели на одредени репрезентации, најмногу поради политички прашања.
Таа одлука важи за Србија која нема да може да игра со Косово, а исто оваа селекција нема да може да игра ниту против Босна и Херцеговина. Нема да може да се сретнат и Шпанија и Гибралтар, односно Украина и Белорусија.
Русија, потсетуваме, веќе извесно време е под суспензија и нема да биде на оваа ждрепка. На Светското првенство одат само победниците од групите, а преостанатите три места ќе се добијат преку баражите.