• Сашо Поповски

Срамни сцени доаѓаат од фудбалското првенство во Шкотска, кои пренесуваат меѓусебна тепачка на соиграчи. Се работи за Ричард Фостер и Дени Свонсон од екипата на Сент Џонсон, кои на гостувањето кај Хамилтон започнаа да се тепаат по судискиот свиреж за пауза, поради несогласувања на теренот.
На теренот настана хаос, а за да нема дополнителни проблеми се погрижија тренерите и нивните соиграчи. Судијата ја реши целата ситуација со црвени картони за двата фудбалери.