Заборавил на тикетот, па по десет дена дознал за неверојатната добивка

Англија тикет

Ретко се случува кога љубителите на обложувањето забораваат на уплатените тикети.

Таква приказна доаѓа од Англија. Еден фудбалски фанатик составил парови со вкупен коефициент 25.000, а извршил уплата од само пет фунти. Тој не верувал дека има некаква шанса да ги погоди резултатите од последното коло во Премиер лигата, па не го проверил тикетот цели десет дена.

Првите неколку типови му биле очекувани. Тој прогнозирал Манчестер Сити да биде подобар од Брајтон и Ливерпул да го совлада Вулверхемптон. Потоа типувал победа на Арсенал кај Барнли, гостинско славје на Вест Хем кај Вотфорд и ист исход на мечот меѓу Фулам и Њукасл.

Погодил и три нерешени резултати, а последниот тип му бил и најоптимистички - Кардиф Сити да слави на „Олд Трафорд“ кај Манчестер Јунајтед

Откако поминале десет дена, Англичанецот решил да ја провери својата прогноза и останал во неверица кога дознал за високата добивка.