Забава до бесвест: Како ирските навивачи се шегуваа со унгарскиот репортер! (ВИДЕО)

Gol.mk на EURO 2016

Првото место по симпатија и позитивна енергија на Европското првенство убедливо оди на адреса на навивачите на ирската репрезентација. Последниот пример за нивната максимална опуштеност и склоност кон шегата и забавата доаѓа пред вчерашниот меч на Република Ирска и Шведска во Париз.

Имено десетита ирски навивачи си поиграа со унгарскиот репортер кој го најавуваше мечот пред „Стад де Франс“. Тоа изгледаше толку пријателски што унгарската телевизија не го ни прекина вклучувањето, туку продолжи со ирските фанови како скандираат пред репортерот.