ВИДЕО: Забалета златна резерва, Вест Хем едвај го победи третолигашот Гилингем

Фудбалерите на Вест Хем потешко од очекуваното дојдоа до победа кај третолигашот Гилингем (0-2) и обезбедија пласман во четвртата рунда на ФА купот. Изненадувачки лондонската екипа беше во подредена улога во првото полувреме, но работите се сменија по паузата. Избраниците на Мојс не изгледаа како екипа која е два ранга на натпреварување над противникот и едвај дојдоа до победата. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во првото полувреме Гилингем не му дозволи на противникот ниту да шутне кон голот, а тие успеаа дури пет пати да се заканат без поголема опасност. Очигледно разговорот на Мојс на паузата влијаеше над играчите, па Вест Хем заличи на подобра екипа во продолжението. Иако немаа посериозни шанси, дојдоа до посакуваната предност.

По еден добар продор на Форналс, следеше вратена топка кон пеналтикот, која се одби до Забалета. Искусниот Аргентинец во 74. минута ја затресе противничката мрежа за победа. До крајот екипата на Дејвид Мојс го задржа налетот на залетаниот Гилингем.Во судиското надополнување кога домаќините фрлија се на карта напад, по една контра асистентот на првиот гол Форналс се запиша во листата на стрелците и ја потврди победата на Вест Хем.