За в понеделник закажанa ждрепката за новата сезона во ВМФЛ

Во понеделникот беше познат распоредот на натпреварите во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а една седмица подоцна ќе се изврши и извлекувањето на бројките за новиот шампионат и кај второлигашите.

И во новата сезона шампионатот ќе брои шеснаесет екипи, а новајлии ќе бидат тимовите на Борец, кој направи експресен кам-бек, и Вардарски од Богданци.

„Ве информираме дека Комисијата за натпреварување на Фудбалската федерација на Македонија в понеделник, на 5 август,  во просториите на „Куќата на фудбалот", со почеток во 13:00 часот ќе одржи извлекување на паровите за новата натпреварувачка сезона 2024 25 во ВМФЛ“, информираат од фудбалската централа.

Минатата сезона Беса и Пелистер обезбедија пласман во ПМФЛ, додека Детонит Плачковица беше поразен во баражот од Вардар.