ВИДЕО: За рубриката „Најсмешни видео инсерти“ – еве како Трајков погоди од преку 50 метри!

Фудбалската селекција на Македонија до 21 година со пресврт ја совлада Ерменија во Битола и ги запиша првите бодови во квалификациската група за Европското првенство во 2027 година. 

На битолскиот терен нашите надежи бркаа негатива по првото полувреме, а херој на нашата У21 селекција е Димитар Трајков кој беше автор на двата гола. Особено за издвојување е вториот погодок, кој слободно може да си најде свое место во рубриката „Најсмешни видео инсерти“.

Младиот македонски напаѓач испрати долга топка од скоро половина терен, а на изненадување на сите на стадионот таа заврши во противничката мрежа, откако ерменскиот голман имаше катастрофална проценка.