За репрезентацијата 10.000, за кам-бекот на Росицки 14.000 фанови на стадионот на Спарта

Илјадници навивачи го поздравија враќањето на Томаш Росицки по цели 15 години во тимот на Спарта Прага и чешката лига. 35-годишниот Росицки во игра влезе во 72. минута, што предизвика вистинска еуфорија помеѓу 14.000 навивачи. 

„Беше прекрасно искуство за мене. Сакам да им се заблагодарам на сите мои фанови. Се чувствував добро со топката, но потребно ми е уште малку време за да се вратам во вистинската форма“, возбудено изјави по натпреварот Росицки

Колку за споредба на натпреварот на Чешка против Северна Ирска во квалификациите за Светското првенството имаше 10.000 гледачи, а за да го видат на дело „малиот Моцарт“ се собраа повеќе од 14.000 фанови. Последниот натпревар за Спарта Прага, Росицки го одигра на 1 декември 2000 година, а по повторното враќање се обврза на двегодишен договор. Во кариерата играше во 2001 се пресели во Борусија Дортмунд, а од 2006 година беше член на Арсенал.