За првпат во историјата: Најдобрите пет европски лиги имаат исти шампиони две сезони по ред

Европа Топ 5

Вчерашната потврда на титулата на Баерн Минхен во Бундеслигата донесе историја кога се во прашање најдобрите пет лиги во Европа.

Имено, за првпат се случува две сезони по ред шампионите во Германија, Италија, Шпанија, Франција и Англија да бидат истите екипи. 

Баварците им се приклучија на Барселона, Јувентус, ПСЖ и Манчестер Сити, кои ја одбранија шампионската титула многу порано.

Во Примера новиот шампион беше познат пред четири кола, во Премиер лигата се водеше битка до последниот меч, ПСЖ и Јувентус немаа никаква конкуренција во Лига 1 и Серија А, а Баерн чекаше на потврда до последното коло.

Голем предизвик за овие пет екипи е следната сезона да се обидат третпат по ред да го освојат националното првенство во кое се натпреваруваат.