За првпат во историјата Јунајтед и Ливерпул ќе одиграат европски двомеч

Ждрепката од осминафиналето во Лига Европа, донесе спектакуларен дуел, кој ќе го одиграт најголемите англиски ривали, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Манчестер Јунајтед, второто најквалитетно европско натпреварување го има освоено само еднаш и тоа во далечната 1991 година, додека Ливерпул трипати се има закитено со пехарот од ова натпреварување. И двете екипи во домашното првенство не играат во посакуваната форма, а фактот што првакот од Лига Европа има директно место во Лигата на шампионите, ќе биде мотив плус за Ван Гал и Клоп посериозно да се насочат кон ова натпреварување.

Дуелот помеѓу најтрофејните англиски екипи ќе биде прв нивни дуел во европските натпреварувања, а и прв дуел на две англиски екипи по пауза од 43 години, кога се сретнаа Тотенхем и Ливерпул. Овој двомеч дополнително ќе биде интересен и поради двата менаџери, кои во минатото водеа големи битки во германското првенство.

За овој дуел менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека уште од синоќа им кажал на својот персонал дека нивни противник во Лига Европа ќе му биде големиот ривал Манчестер Јунајтед:

„Ждрепката е одлична. Навистина. Го заслуживме овој двомеч. Нема да биде лесно, но можете да го прашате мојот персонал, синоќа им кажав дека го сакам Манчестер јунајтед за противник. Имавме добар натпревар минатиот месец, но загубивме 1-0. Не го заслуживме тоа. Сега животот ни дава шанса да се поправиме, па тоа ќе го сториме. Во оваа фаза од натпреварувањето нема лесни натпревари“.

Втор највозбудлив натпревар ќе биде меѓу второпласираните екипи во Англија и Германија, Тотенхем и Борусија Дортмунд, додека со сигурност одличен двомеч ќе имаат шпанските екипи Валансија и Атлетик Билбао. 

Првите натпревари се закажани за 10. март, додека реванш дуелите ќе се одиграт на 17. март.