ВИДЕО: За првпат во 111 години испадна од лигата, навивачите палеа сè пред себе!

Бразилскиот гигант Сантос испадна од елитното друштво за првпат во историјата. Во последното коло од шампионатот, клубот чиј дрес во минатото го носеа Пеле и Нејмар, на свој терен загуби од Форталеза со 1-2 и така седната сезона ќе игра во Серија Б.

Сантос минува низ исклучително тешки времиња. Бразилскиот гигант од следната година ќе игра во понизок ранг, откако испадна на навистина суров начин - со пораз пред своите навивачи во последното коло.

На овој тим му беше потребна победа против Форталеза која играше за престиж. Сепак, гостите не „даруваа“ и одиграа одличен натпревар. По поразот, навивачите решија да направат хаос на улиците. Гореа автомобили и градби во близина на стадионот.

Ова е најголемиот срам и прво испаѓање од елитата на клубот кој постои 111 години и чиј дрес своевремено го носеа најголемиот фудбалер на сите времиња Пеле и Нејмар, една од новите ѕвезди на светскиот фудбал.

Додека навивачите на Сантос тагуваат, радост меѓу фановите на Палмеирас кои ја освоија титулата во лигата. За Палмеирас ова е двнаесетти трофеј во бразилскиот шампионат, четврти во последните седум години и може да се каже дека моментално се најдоминантниот бразилски клуб.