За пензија не станува збор – Касиљас пред нов договор со Порто

Еден од најдобрите голмани во поновата фудбалска историја Икер Касиљас не размислува на пензија, откако португалските медиуми шпекулираат дека е пред нов договор со тимот на Порто

Според истите, 37-годишниот шпански чувар на мрежата е подготвен да стави потпис на нова соработката со португалскиот гигант до 2021 година, што значи меѓу стативите ќе биде и во својата петта деценија од животот. 

„Одлично се чувствувам тука. Порто е голем клуб и затоа ќе го продолжам мојот престој. Во овој клуб сакам да ја завршам кариерата“, изјави Касиљас. 

Искусниот чувар на мрежата во 2015 година по 25 години минати во Реал Мадрид се реши за интернационална кариера и го облече дресот на португалски Порто.