ФОТО: За ова момче љубовта кон својот клуб е поважна од животот!

По пауза од 22 години тимот на Палмеирас конечно успеа да освои титула, а во големото славје низ улиците на Сао Паоло присуствуваше и едно момче чија фотографија го одушеви светот. 

Неговиот татко го носеше на рамена, а во раката држеше еден вид на дефибрилатор за да му овозможи на својот син да ја почувствува атмосферата и покрај големите здравствени проблеми. Оваа фотографија само ја потврдува фразата – љубовта кон својот клуб за некои е поважна од животот!