ФОТО: За невидената бламажа на Костов сеир прават дури и во Шпанија

Вчерашниот ден донесе момент кој досега не е виден на фудбалските терени, барем не во Македонија.

Фудбалерот на Академија Пандев, Стефан Костов, заработи исклучување на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров поради срамен потег за кој сигурно требаше да размисли двапати. Тој со топка во рацете и трчаше по својот противник, а потоа истата ја фрли во неговите нозе и спречи контра напад на „лавовите“.

>> ВИДЕО: Комедија во ПМФЛ – фудбалер на „пандевци“ со топка в раце бизарно „поцрвене“

Судијата Ралевски немаше избор и му го покажа патот кон соблекувалната. Овој потег му донесе „популарност“ на 23-годишникот, за кого покрај балканските, пишуваат и шпанските медиуми.

Светски познатиот „АС“ одвои време за да ги насмее своите читатели со несекојдневната ситуација од македонското првенство.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15