• Зоран Мишевски

Ретко кој македонски напаѓач може да се пофали со вакви голгетерски бројки како Бојан Миовски. Штипјанецот блеска во Шкотска и дури и клупската криза во Абердин и смената на менаџерот ништо не влијае на неговата форма.
Миовски постигна два гола во победата со 3-1 против Мадервил. Македонскиот репрезентативец во пет минути, меѓу 64. и 69. минута, даде два гола и по петти пат оваа сезона запиша два гола на еден премиерлигашки натпревар.
- Првиот гол на Миовски против Мадервел:
GGGOOOAAALLL #3 pic.twitter.com/Yxq815ksmw
— Mark Robertson (@mark_robertson9) February 4, 2023
- Вториот гол на Миовски против Мадервел:
GGGOOOOOAASALLL #2 pic.twitter.com/Vpby3Z16pm
— Mark Robertson (@mark_robertson9) February 4, 2023
Нашиот интернационалец сега има четиринаесет гола во Премиер лигата и се качува на врвот на табелата. По четири порази, Абердин им се врати на победите и изби на седмото место со 32. бода.