ВИДЕО: За гостинскиот тренер аплаузи, а домашниот гаѓан со шишиња

Во реванш четвртфиналниот меч на купот на БИХ екипата на Слобода од Тузла славеше убедлива победа над Сараево со 0-3 на „Кошево“ и со вкупен резултат од 5-1 успеа да се пласира во полуфиналето. По натпреварот гостинскиот тренер Хусреф Мусемиќ беше испратен со громогласен аплауз, а за домашниот тренер Миодраг Јешиќ следеше канонада од шишиња и други предмети.