ВИДЕО: За да спаси противничка радост, голман го скрши својот гол!

Досега ретко видена ситуација на фудбалските терени пред една седмица се случи во чешкото дерби меѓу Млада Болеслав и Злин, откако гостинскиот голман ја скрши стативата од својот гол, само за да спречи противничка радост. 

Кон крајот на првиот дел домашниот фудбалер Мареш итро сакаше да го изненади истрчаниот голман Зламал и да го лoбува од голема далечина, но овој навремено стигна да интервенира, но по одбраната удри во стативата, која не го поднесе ударот и се скрши.