• Мартин Танасковски
Грчкиот фудбалски сојуз се реши да направи револуционерен потег и финалето од Купот на Грција да го додели на странски судии, за да се избегнат инциденти и евентуални контроверзи.
Во мечот за титула ќе се сретнат АЕК и ПАОК, а љубителите на фудбалот ги паметат инцидентите што се случија за време на нивниот првенствен меч поради незадоволство од судиски одлуки.
Фудбалската федерација на Грција за да избегне идни инциденти, реши финалето од Купот да не го суди домашен судија, туку правдата да ја дели Шпанец. На центарот ќе биде Давид Борбалан, заедно со своите помошници.
Мечот за трофеј во Купот на Грција се игра в сабота од 19.30 во Атина.