За четири месеци од Севиља си заминаа двајца капитени, наскоро и третиот и четвртиот

Екипата на Севиља од почетокот на годината остана без тројца капитени, а на крајот на сезоната ќе си замине и четвртиот. Клубот со најмногу трофеи во Лига Европа, седум титули од 2006 година до денес, мака мачи во шпанското првенство и го чека реконструкција на тимот. Заминувањата на капитените се само најава за тоа.

Откако во јануари си замина Фернандо Регес, а веднаш по него и Иван Ракитиќ, веќе се пишува дека Хесус Навас одбил продолжување на договорот и ги отслужува последните денови во клубот за кој одигра 500 натпревари во шпанското првенство. Капитен на клубот е и Серхио Рамос. А по крајот од сезоната искусниот дефанзивец ќе побара нов предизвик, и тоа најверојатно во МЛС, пренесуваат шпанските медиуми.

Клубот ќе го напушти и тренерот Кике Санчез Флорес. Тој пристигна во декември минатата година и обезбеди прволигашкиот статус, но нема да го продолжи договорот. Поради финансиските проблеми најверојатно ќе има и уште неколку заминувања од Севиља ова лето.