• Горан Упале
Борусија Дортмунд планира сериозна реконструкција на тимот за следната сезона, а една од главните цели во средниот ред би можел да биде Василије Костов од Црвена Звезда. Според информациите на „Скај Спорт“, Дортмунд е подготвен да се вклучи во трката за овој талентиран играч од средниот ред, а цената на трансферот би можела да достигне дури 25 милиони евра.
Во Борусија Дортмунд го гледаат како идеално решение во креацијата, особено во случај на заминување на Јулијан Брант, кој би можел да го напушти клубот. Спортскиот оддел на клубот, предводен од Оле Бук и тренерот Нико Ковач, веќе состави поширок список на желби, но Костов е означен како едно од поинтересните решенија за долгорочниот проект.
Планот на Борусија Дортмунд е да се врати на политиката на доведување млади играчи, со фокус на развој и идна заработка преку трансфери. Иако интересот постоеше уште порано, тој не стивнува, а во случај на сериозна понуда, Црвена Звезда би можела да влезе во преговори за еден од најголемите трансфери во последните години.
Инаку, Василије Костов има потекло од Македонија и поседува македонски пасош, но настапува за селекцијата на Србија.




