• Горан Упале

Вулверхемптон е посилен за уште еден фудбалер од Португалија, а тоа е играчот од средниот ред Матеус Нунеш.
Клубот од „Молино“ со него потпиша петгодишен договор и патем го собори клупскиот рекорд со тоа што за неговото доаѓање плати 45 милиони евра. 23-годишниот Нунеш доаѓа од Спортинг Лисабон, каде пристигна во 2020 година и одигра вкупно 101 натпревар, постигнувајќи осум гола, а со тимот ја освои титулата во сезоната 2020/2021.
„Среќни сме што Матеус Нунеш е во Вулверхемптон, среќни сме што имаме уште еден млад и талентиран играч во тимот на нашиот менаџер Бруно“, изјави директорот на Вулверхемптон, Џеф Шеј.
Welcome, Matheus.
— Wolves (@Wolves) August 17, 2022
Португалецот за новиот клуб ќе има можност да дебитира во сабота на мечот од третото коло во Премиер лигата со Тотенхем.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.