Вулверхемптон плаќа 16 милиони евра за Украинецот Зинченко

Младиот фудбалер од средниот ред на Манчестер Сити, Александар Зинченко кариерата ќе ја продолжи во новиот англиски премиерлигаш Вулверхемптон. „Волците” се согласиле да го купат Украинецот, а согласност добија од раководството на Манчестер Сити. Утре се затвора трансфер периодот и пред полноќ, трансферот на Зинченко треба да се официјализира. 

Вулверхемптон ќе плати околу 16 милиони евра за поранешниот фудбалер на Динамо Киев, кого Гвардиола го донесе во Англија. Сити ќе има опција да го врати фудбалерот во своите редови за две години, доколку „експлодира“ во дресот на Вулверхемптон.

„Волците“ се засилија ова лето и менаџерот Нуно Еспирито Санто може да смета на Мутињо и Руи Патрисио.