Вулверхемптон пак пазареше од Португалија, се засили со младиот Дадашов! 

Екипата на Вулверхемптон ланската сезона имаше фантастично враќање во Премиер лигата, кое беше крунисано со место во квалификациите за Лигата на Европа. 

Една од најголемните заслуга за големиот успех на „волците“ е одличната работа на челните лица на клубот на трансфер-пазарот. Пред почетокот на ланската сезона доведоа голем број на засилувања, а речиси сите пристигнаа од Португалија. 

Ништо не се промени ниту ова лето, откако денес премиерлигашот го претстави своето последно засилување, кое повторно доаѓа од Примеира. Се работи за младиот напаѓач, Ренат Дадашов, кој пристигна од редовите на Есторил. 

20-годишниот Дадшов е роден во Германија, но настапува за селекцијата на Азербејџан, а во минатата сезона за Есторил постигна четири гола на 22 меча.