ВИДЕО: Вулверхемптон и Саутемптон со реми го затворија колото во ПЛ

Вулверхемптон и Саутемптон ги поделија бодовите со реми од 1-1, во последниот дуел од деветтото коло во Премиер лигата. „Светците“ поведоа со голот на повратникот во своите редови, Тео Волкот, ама младиот Педро Нето погоди за израмнување и бод на „волците“. 

  • Извештај од натпреварот:

Натпреварот на „Молине“ понуди прво полувреме без голови. Саутемптон ја контролираше играта на средината од теренот, ама Волвси беа поконкретни. Домашните фудбалери се закануваа преку Траоре и Поденс, ама МекКарти добро го бранеше својот гол. 

Второто полувреме започна одлично за гостите кои поведоа во 58. минута од натпреварот. Тео Волкот кој се врати во Саутемптон по долго време, го даде својот прв гол по речиси петнаесет години. Крилниот фудбалер одлично се отвори на втора статива и го искористи прецизниот пас од Адамс низ шеснаесетникот, па лесно реализира. 

Сепак, Вулверхемптон успеа да се врати и израмни. Нововлезениот Педро Нето се најде на вистинското место по одбиената топка од стативата и во 75. минута успеа да стрела за 1-1. Младиот Португалец по само пет минути на теренот успеа да го постигне својот втор гол во дресот на Волвси, овојпат вреден еден бод.