• Иван Димовски

Вулверхемптон го комплетираше најскапиот трансфер во клупската историја, откако потпиша со Фабиo Силва од Порто.
18-годишникот кој ќе заигра во Премиер лигата, за сума од 40 милиони евра стана најскапото засилување на „волците“ во досегашната историја. Напаѓачот кој за Порто одигра 24 средби во сите конкуренции, главно како резерва, запиша три погодоци и две асистенции.
Досегашниот најскап трансфер на Вулверхемптон го држи Раул Хименез со 38 милиони, додека го следи Кутроне со 22.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.