• Зоран Мишевски

Шокантната изјава на канадскиот селектор по мечот на неговата репрезентација на Мундијалот. Џон Хердман избра прилично необичен начин да ги мотивира своите избраници по несреќниот пораз од Белгија (0-1) на стартот на Мундијалот, а во пресрет на пресметката со Хрватска која е закажана за четири дена.
Хердман на теренот ја употреби вулгарната фраза „да ги е** Хрватите“, која подоцна ја потврди и на телевизија.
„Само што им ја покажав статистиката на фудбалерите. Им кажав дека тие припаѓаат овде и дека одиме да ги е**ме Хрватите. Тоа е наједноставниот начин инашата следна мисија“, повтори Хердман.
Канаѓаните упатија преку дваесет удари кон голот на Куртоа, а не реализираа и пенал, Евентуален пораз против светскиот вицешампион за нив ќе значи веројатна елиминација пред последното трето коло од групат Ф на Светското првенство,