Вукас: Си ја остваривме целта, ја елиминиравме Ренова

Хари Вукас, тренерот на Хајдук Сплит, го продолжи победничкиот тренд со македонските екипи. Лани ја елиминира Академија Пандев со Зрињски, а сега со сплитќани беше подобар од Ренова.

По натпреварот, Вукас истакна дека Хајдук го остварил она по кое пристигнал во Скопје, а тоа е победа и пласман во наредната фаза.

„Честитки за момците, сепак, го остваривме она по кое дојдовме во Скопје. Самите сме виновни затоа што треперевме до крај. Можевме да го завршиме мечот многу порано ако ги искористевме шансите. Противникот ги виде своите шанси, тргна во напад, ние се одбранивме и дојдовме до следната рунда“, изјави Вукас.

Ренова во првото коло беше подобра од ерменски Алашкерт, но не успеа да направи изненадување со хрватскиот великан кој ќе игра со Нефтчи или Галатасарај.