Вукас: „Пандевци“ се растеретени, а тоа може да ни донесе проблеми

Само за престиж и за поправање на впечатокот, фудбалерите на Академија Пандев ќе играат утре попладне во Мостар против Зрињски. По 0-3 во Скопје, босанскиот клуб има огромна залиха, но не се залажаува дека работата е завршена.

На официјалната прес-конференција порака до фудбалерите испрати тренерот Хари Вукас. 

„Остваривме добар резултат на првиот натпревар. Фудбалерите на Академија Пандев нема да бидат под притисок како на првиот натпревар. Ќе дојдат растеретени, а тоа може да биде опасно. Иако резултатот е убедлив, тие се добра екипа и не смееме да дозволиме натпреварот да замине во друг колосек. 

Мислам дека добро изгледавме на првиот натпревар, но мораме да бидеме мирни и да мислиме само на овој натпревар“, истакна Вукас.

На дуелот против „пандевци“, босанскиот претставник првпат ќе ги презентира новите дресови со кои ќе игра во сезоната 2019/20.