Вујанац по три години си замина од Македонија и ќе брани за Радник

Српскиот интернационалец Никола Вујанац по долго време ја напушти нашата земја и ќе игра за клуб кој се натпреварува во неговата татковина.

29-годишниот голман е нов член на Радник Сурдулица, тим кој се натпреварува во најквалитетната српска фудбалска лига.

Двете страни се договорија за соработка во наредната сезона и за првпат по три години Вујанац ќе игра надвор од Македонија.

Чуварот на мрежата во Македонија пристигна во 2016 година од Динамо Врање, па настапуваше за Силекс, Академија Пандев и Беласица.