Вујанац: Со триумф над Работнички, да избегаме од опасната зона

Екипата на Беласица, по поразот против Шкупи на Чаир, се враќа на својот „Младост“, каде ќе се соочи со залетаниот Работнички. Никола Вујанац, голманот на струмичани, има пофалби за противникот, но потенцира дека тимот силно сака триумф пред својата публика.

„Ни следи еден тежок меч со Работнички, се работи за многу добар противник и тим кој има одлични резултати. Го респектираме ривалот, ги познаваме неговите квалитети, но се сеќаваме на првиот меѓусебен меч во Скопје на кој одигравме поквалитетно и заслуживме три бода, а на крајот мораше да се задоволиме со 1-1. Сега играме на домашен терен и секако дека очекуваме триумф, кој ќе ни помогне да побегнеме од опасната зона. Плус, ни се враќаат неколку фудбалери кои беа надвор од терените и ќе бидеме комплетни“, изјави Вујанац.

Голманот на Беласица беше еден од подобрите поединци на гостувањето кај Шкупи и имаше неколку одлични интервенции, но не успеа да го спаси својот тим од пораз. Натпреварот меѓу Беласица и Работнички на „Младост“ се игра в среда од 13:00 часот.

Струмичани, кои се повратници во елитата, се наоѓаат на деветтото место во ПМФЛ со 17 бода, исто колку и Македонија ЃП и Победа. Работнички, пак, е четвртопласиран пред меѓусебната пресметка.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 36 24 7 5 80:29 51 79
2 ВардарВардар 36 17 13 6 45:23 22 64
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 36 17 7 12 45:35 10 58
4 ШкупиШкупи 1 36 13 9 14 40:42 -2 48
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 36 12 11 13 45:50 -5 47
6 РеноваРенова 1 36 12 11 13 53:49 4 47
7 РаботничкиРаботнички 3 36 13 7 16 43:49 -6 46
8 СилексСилекс 36 11 11 14 27:39 -12 44
9 БеласицаБеласица 36 9 11 16 37:49 -12 38
10 ПобедаПобеда 36 6 5 25 26:76 -50 23