Вујадин Станојковиќ се враќа во Партизан!

Македонската фудбалска легенда Вујадин Станојковиќ се враќа во клубот каде оствари големи успеси во кариерата и во иднина ќе биде дел од српски Партизан.

61-годишниот кумановец ќе биде член на новото собрание на белградските црно-бели. Настанот ќе се одржи на 2 јуни и Станојковиќ ќе биде само едно од многуте звучни имиња кои ќе влезат во клубот.

Станојковиќ настапуваше за Партизан од 1989 до 1993 година и остави голема трага во клубот, за кого одигра 110 натпревари. Своевремено беше репрезентативец на Југославија, па по осамостојувањето настапуваше и за Македонија.

Во изминатите години, Вујадин Станојковиќ работеше како селектор во младинските категории на Македонија.