• Иван Димовски
Трагедија ја одбележа средбата од Втората шпанска лига меѓу Спортинг Хихон и Леганес, откако натпреварот беше прекинат уште во раната фаза поради смрт на навивач на домашниот тим.
Станува збор за 82 годишен навивач на клубот од Хихон, човек кој четири децении бил сопственик на сезонска влезница и редовен поддржувач на својот омилен тим. Според шпанските медиуми, навивачот доживеал срцев удар на трибините. Инцидентот се случил во четвртата минута, а во 14 минута судијата ги испратил фудбалерите во соблекувалните. По извесно време официјално било соопштено дека мечот е прекинат и ќе биде доигран во друг термин.
Ова е втор ваков трагичен случај во Втората лига на Шпанија оваа сезона.
Претходно, на натпреварот меѓу Сеута и Алмерија, навивач исто така доживеал срцев удар и починал на пат кон болница.





