ФОТО: Вторпат бомбардиран и уништен стадион на украински прволигаш

Фудбалскиот стадион кој од 1961 година го носи името на „Јури Гагарин“ (првиот човек кој беше во вселената), вторпат во својата историја доживеа тешко бомбардирање. 

Стадионот на кој настапува украинскиот прволигаш Десна Чернихив беше „жртва“ на ракетен напад од страна на Русија. Веќе еднаш во историјата овој стадион беше бомбардиран, за времето на Втората светска војна. Сепак, беше реновиран и вратен во употреба. 

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека на теренот има многу остатоци од рушевините, а срушен е и голем дел од трибината. Ова не е прв спортски објект срушен во Украина, бидејќи веќе „настрада“ спортската сала во Харков. 

Десна Чернихив пред прекинот на првенството беше седмопласирана, а пред две години играше и во квалификациите за Евролигата и беше исфрлена од Волфсбург.