Второто сезонско „Ел Класико“ ќе вреди 1,5 милијарди евра

Второто сезонско „Ел Класико“ по сите параметри ветува спектакл. Барселона и Реал Мадрид се во налет, ја кренаа формата и сега пред нив се клучните натпревари во сезоната, а токму меѓусебната пресметка може да биде одлучувачка за титулата. 

Овој натпревар важи за еден од најследените на целиот свет, бидејќи секоја сезона со будно око е следен од фудбалските фанови на сите континенти. Иако двете екипи повеќе не се на нивото на кое беа пред неколку сезони, нивната вредност сè уште е многу висока. 

Според „Трансфермаркт“, овогодинешното „Ел Класико“ ќе вреди 1,5 милијарди евра. Од нив, Барселона вреди 823 милиони, додека Реал за нијанса помалку, со маркет вредност од 745.5 милиони. Највредни играчи се сметаат Меси, Де Јонг и Ансу Фати, проценети на по 80, додека со 75 ги следат голманите Тер Штеген и Куртоа. 

По нив, следат Касемиро, Варан, Валверде, Крос и Педри со проценка на околу 70 милиони, додека 60 вреди Гризман. 

Трката за титулата во Примера ќе биде жестока, па Барселона и Реал со посебни мотиви ќе влезат во дербито.