Второлигашот по сензација против моќниот Селтик

Селтик оваа сабота попладне ќе се обиде да ја потврди целосната доминација во шкотскиот фудбал сезонава, кога го очекува финалето на националниот куп. Неговиот ривал во борбата за последниот трофеј ќе биде прилично неочекуван, второлигашот Инвернес.

Шкотскиот шампион најтешкиот дел од работата го заврши во полуфиналето, кога на „Ајброкс“ со 1-0 го победи најголемиот ривал Глазгов Ренџерс. Јунак на тој меч на последниот ден од април беше Жота кој го постигна единствениот гол. Неколку дена пред тоа Селтик и математички ја обезбеди титулата, па во текот на мај тренерот Ангелос Постекоглу главно експериментира со составот и им даваше повеќе можности на играчите кои имаа помала минутажа. Тоа се одрази и на резултатите, Селтик доживеа два порази и едно реми, пред минатиот викенд да се врати во втора брзина и да го декласира Абердин со 5-0 во последниот првенствен натпревар.

Сите квоти во MOZZART за финалето од Купот на Шкотска

Инвернес е апсолутен аутсајдер, особено што не е меѓу посериозните екипи ниту во втората лига. Клубот од градот со нешто помалку од 48.000 жители првенството го заврши на шестата позиција на табелата во конкуренција на десет екипи. Значи, долната половина, поради што и следната сезона нема да го гледаме во елитата. Додуша, тоа може да залаже, затоа што Инвернес имаше шанса да се пласира во баражот, но во последните две кола освои само бод во дуелите со директните ривали. Во Купот на Шкотска, Инвернес имаше среќа со ждрепката, играше против нисколигашот Стирлинг (3*2) и Квинс Парк (2-0), единствениот прволигаш со кој се сретна беше Ливингстон (3-0) во 1/16-финалето, а потоа ги елиминира и второлигашите Килмарнок (2:1) и Фалкирк (3-0).

Сега избраниците на Били Додс имаат можност да го освојат вториот трофеј во историјата на клубот на Хампден, прв по 2015 година, кога Инвернес го освои Купот на Шкотска со победата од 2-1 над Фалкирк во финалето. Селтик е најтрофејниот тим во ова натпреварување со четириесет трофеи, но последниот му беше во 2020 година. Инвернес се нема соочено со Селтик од сезоната 2016/2017, кога испадна од шкотската Премиер лига. Во последните три дуели меѓу овие екипи Селтик победи со 3-0, 6-0 и 4-0.