• Саше Љолес

Македонскиот фудбалски второлигаш, ГФК Охрид Лихнидос, доведе ново засилување за претстојната сезона. Во градот крај езерото пристигна младиот Иван Глигоров, кој минатата сезона настапуваше за штипска Брегалница.
Младиот и перспективен фудбалер уште на 15-годишна возраст замина во италијанската Перуџа, а потоа играше и за младинскиот тим на португалскиот Национал.
Управата и стручниот штаб веруваат дека Глигоров ќе биде големо засилување за екипата и веќе го објавија трансферот. Има 21 година и настапува на позицијата лево крило.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.






